Вонредна состојба во САД за заштита на телекомуникациските мрежи

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која прогласува вонредна состојба за заштита на телекомуникациските мрежи на САД од странски закани.

Со указот им се забранува на американските компании да користат телекомуникациска опрема, произведена од компании кои можат да претставуваат опасност за безбедноста на земјата.

Таа одлука се смета за дел од пошироките напори да се забрани пристапот на кинескиот технолошки гигант Хуавеи на американскиот пазар.

Прес-службата на Белата куќа истакна дека целта на указот е да ја заштити Америка од странски противници кои активно и се повеќе создаваат и користат ранливи места во информатичката и комуникациската инфраструктура за свој интерес.

Вашингтон смета дека телекомуникациската опрема на Хуавеи, третиот по големина производител на паметни телефони, може да биде искористена од Кина за шпионажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот