Вонредна состојба во Молдавија поради недостиг на гас

Компресор на гас
Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Во Молдавија е прогласена вонредна состојба поради недостиг на гас. Премиерката Наталија Гаврилица објасни пред Парламентот дека вонредните овластувања ќе и овозможат на земјата да увезува сино гориво од други европски држави.

Таквата одлука била неопходна бидејќи земјата не можеше да се потпре на преговорите со рускиот „Газпром”.

Актуелниот договор со руската компанија е со важност до крајот на месецов, но моментно Молдавија добива само една третина од нормалното количество за октомври, по цена која за само еден месец се зголеми од 550 на 790 долари за илјада кубни метри.

Поради недостиг на гас изгасна „вечниот оган” пред споменикот за Втората светска војна во Кишињев.

Извор: МИА