ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО КАЛИФОРНИЈА: Пожарите и временските услови принудија 200.000 луѓе да ги напуштат домовите

Фото: Профимедиа/Илустрација

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во оваа американска држава затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Тој вчера рече дека се користи „секој достапен ресурс” во борбата против пожарите, вклучително и огромните огнени стихии во виноградската област во северна Калифорнија, кои се погодени од силни ветришта.

Поради чадот од пожарот во заливот кај Сан Франциско за кусо време беше запрен и сообраќајот на мостот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот