Вонредна седница на Европарламентот на 16 и 17 април

Во март, ЕП одлучи да не заседава во Стразбур, најмалку до септември, како мерка во услови на епидемијата.

Европскиот парламент најави дека ќе одржи вонреден состанок на 16 и 17 април во Брисел со цел усвојување резолуција за епидемијата Ковид-19, како и за можните нови предлози од Европската комисија за справување со последиците од ширењето на инфекцијата.

Мерките на претпазливост воведени од ЕП за спречување на епидемијата не се во спротивност со законодавството, се вели во соопштението.

ЕП неодамна ја искористи по првпат можноста да се гласа од далечина, и се предвидува функционирање на тој начин се додека е неопходно.

Во март, ЕП одлучи да не заседава во Стразбур, најмалку до септември, како мерка во услови на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот