Вонредна ревизија на индексот ОМБ

Во текот на вчерашниот ден Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ:

– Обврзниците за денационализација – Десетта емисија (RMDEN10),

– Обврзниците за денационализација – Единаесетта емисија (RMDEN11),

– Обврзниците за денационализација – Дванаесетта емисија (RMDEN12),

– Обврзниците за денационализација – Тринаесетта емисија (RMDEN13),

– Обврзниците за денационализација – Четиринаесетта емисија (RMDEN14),

– Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија (RMDEN15),

– Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16),

– Обврзниците за денационализација – Седумнаесетта емисија (RMDEN17) и

– Обврзниците за денационализација – Осумнаесетта емисија (RMDEN18).

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е денеска, 11.07.2019 година.

Од Комисијата за берзански индекс велат дека следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот