Вонредна контрола во поправниот дом во Тетово: На децата им се давало „Дијазепам“ и „Хелекс“

Од синоќа, во воспитно-поправниот дом во Тетово е воведена специјална, вонредна котрола од страна на директорот на Управата за извршување на санкции, откако Народниот правобранител во својот најнов извештај за состојбата на децата и нивното здравје во оваа установа откри застрашувачка состојба. Имено, на малолетниците им биле препишувани „Дијазепам“, „Хелекс“, „Менделекс“, „Депакине“, „Рисперидон“ и слично од 5 до 20 милиграми дневно, што со оглед на возраста на децата е многу силна
доза.

Како што дознаваме, бројни експерти од Управата за санкции и денеска темелно ги проверуваат сите наоди на Обдусманот и интерните досиеја за секој осуденик посебно.

Во извештајот на Народниот правобранител за оваа установа уште се вели дека во неа престојуваат 16 деца.

Притоа се нагласува:

„Иако е намален бројот на евидентирани деца и натаму останува забелешката за потребата од преземање мерки за превенција од бегство. Констатирано е дека не се преземени никакви мерки во овој дел во насока на обуки и натамошно усовршување на кадарот за работа со децата заради правилно и ефикасно спроведување на воспитниот и превоспитниот процес ниту пак, е постапено по препораката за воведување на нови, современи методи за работа со децата.

Установата располага со една бања, која се наоѓа во долниот дел од зградата. Во неа има 3 туш кабини, од кои само две се во функција и истите се одделени со завеса од останатиот дел од бањата. Во бањата има 2 функционални чешми и огледало. Санитаријата е во голем дел оштетена. Иако ѕидовите од целата бања се покриени со влага, а на некои делови се распаднати, се констатира задоволително ниво на хигиена во овој дел од установата. Според информациите, хигиената ја одржуваат самите деца. Во разговорот директорот на установата појасни дека топла вода во текот на летниот период се добива преку користење на топлотни колектори, а во текот на зимскиот период загревањето е со нафта. Притоа, преку летниот период имасекој ден топла вода за капење, додека во зима капењето е еднаш до два пати во неделата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот