Вонредна инспекција во „Жан Митрев“ – телото на Амди Бајрам го предале пред да стигне резултатот од ковид тестот

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден инспекциски надзор и ќе испита дали се прекршени протоколите од страна на приватната клиника „Жан Митрев“ во случајот со политичарот Амди Бајрам, чие тело, откако бил прогласен за мртов, им било предадено на семејството, без да биде познат резултатот од неговиот ковид тест, потврдуваат од Министерството за здравство за Слободен печат.

Постапката уште не е започната. Oд Клиниката „Жан Митрев“ за Слободен печат тврдат дека Бајрам воопшто не бил хоспитализиран кај нив.

„Донесен беше со возило на Итна медицинска помош, неконтактибилен без знаци за пулс, срцева акција и тензија. Веднаш е започнато со реанимација по протокол. Поради неадекватен одговор на преземените мерки на кардиопулмоналната реанимација истата е прекратена и констатиран егзитус.Согласно сознанија дека пациентот учествувал во масовна прослава надвор од земјата, а со цел безбедност за нашите лекари и останатиот персонал, беше земен примерок за COVID-19, кој веднаш се стави на обработка. Истиот се покажа како позитивен за што веднаш беа известени сите засегнати страни, посебно Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство како и семејстовто заради преземање на понатамошни мерки и почитување на сите протоколи“, појаснуваат од болницата. Меѓутоа, и покрај предупредувањето и известувањето што приватната болница го дала на сите надлежни, па и на семејството, протоколите не беа испочитувани.

Погребот вчера беше спроведен со сите верски ритуали и во присуство на 300 лица само на гробното место, а претходно во семејната куќа исто така имало собири.

Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

Амди Бајрам ја мажи внуката во Истанбул (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот