Вонреден самит на ЕУ за кризата во Белорусија

Колаж: ЕПА-ЕФЕ

На изборите на 9 август Лукашенко беше избран за претседател на Белорусија по шести пат, освојувајќи, како што покажуваат официјалните резултати, 80 проценти од гласовите.

Вонредниот самит на Европската унија за кризата во Белорусија почна денеска напладне, напиша на Твитер портпаролот на Европскиот совет, Баренд Лејтс.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика итна видео-конференциска средба на лидерите на Европската унија за Белорусија, каде протестите траат веќе 11 дена од реизборот на претседателот Александар Лукашенко.

На самитот ќе се разговара за продолжување на санкциите против белоруските функционери, откако во петокот беше одобрено санкционирање по спорните претседателски избори.

Европските лидери вчера го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да изврши притисок врз Лукашенко, кому му е клучен сојузник, да влезе во дијалог со опозицијата. Во одделни телефонски разговори со Путин ова го побараа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

На изборите на 9 август Лукашенко беше избран за претседател на Белорусија по шести пат, освојувајќи, како што покажуваат официјалните резултати, 80 проценти од гласовите, а кандидатката за опозиција Светлана Тихановска 10 проценти.

Веднаш по објавувањето на првите изборни резултати, започнаа масовни демонстрации низ целата земја, во кои граѓаните бараат заминување на Лукашенко, кој со земјата владее веќе 26 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот