КошаркаСпорт

Лук Волтон, Лос Анџелес го замени со Сакраменто

Лук Волтон не беше без работа ниту една недела по отказот од ЛА Лејкерс, а веќе денеска си најде нова работа. Сакраменто кингс објави дека Волтон е нов тренер на „кралевите“ и доаѓа на местото на Дејв Јегер. Тој потпиша четиригодишен договор со тимот од главниот град на Калифорнија.

– Го познавам Лук многу години, едно време бевме соиграчи и многу сум возбуден што можам да му посакам добредојде во нашето семејство. Се радувам на заедничката работа во изградба на победнички менталитет на Сакраменто во  годините кои се пред нас – изјави генералниот менаџер на Сакраменто, Владе Дивац.

Лук Волтон за три години додека беше главен тренер на ЛА лејкерс имаше скор од 98 победи и дури 148 порази но ниту еднаш не успеа да избори пласман во плејофот иако сезонава во тимот го имаше и најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс.

Најдобиот момент во тренерската кариера Волтон го имаше во сезоната 2015/16 кога менувајќи го болниот Стив Кер на клупата на Голден стејт оствари неверојатни 24 победи во исто толку натпревари.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close