„Волт Дизни” ја реализира зделката за откуп на „Твенти Фрст Сентери Фокс”

„Волт Дизни Компани” по една година од објавата дека се здружува со „Твенти Фрст Сентери Фокс” и официјално jа финишира зделката за откуп на поголем дел од активите на филмскиот и телевизиски холдинг.

Висината на зделката изнесува 71,3 милијарди долари и симболично беше заокружена денеска неколку минути по полноќ по локално време.

Гигантот „Дизни”, една од најголемите компании во филмската индустрија на САД, со ова го менува медиумскиот распоред на силите во однос на новите медиуми и станува еден од најважните конкуренти на „Нетфликс” и другите стриминг компании. Компанијата годинава планира да го лансира свој стриминг сервис наречен „Дизни+”.

Под контрола на „Дизни” сега ќе преминат филмските и телевизиски студија на „Твенти Фрст Сентери Фокс”, кабелските телевизиски канали на „Фокс” и удел во стриминг сервисот „Хулу”. Компанијата, исто така, станува сопственик на популарните франшизи  „Икс-мен”, „Аватар” и „Симпсонови”.

Според договорот, ТВ каналот „Фокс Њуз” не е опфатен со зделката.

Првиот човек на „Дизни”, Роберт Ајгер истакна дека здружувањето на компаниите е „историски момент” и дека зделката ќе ги подобри содржините продуцирани од „Дизни”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот