„Волстрит журнал”: Стотици сириски платеници се ангажирани од Турција во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Стотици сириски платеници се ангажирани од Турција во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, објави „Волстрит журнал”, повикувајќи се на извори што се вклучени во мобилизација на борците.

Во текстот на американскиот весник се наведува дека „стотици платеници од сириските вооружени фракции блиски до Турција се приклучиле на борбите меѓу Азербејџан и Ерменија” и дека стотици други се подготвуваат да заминат на фронтот во Нагорно Карабах.

Врз основа на информации од извор што е поврзан со сириските вооружени фракции, поддржани од Анкара, досега се убиени околу 200 сириски борци, па многумина се обидуваат да се вратат во Сирија. Истиот извор наведува дека сириските платеници се согласуваат да се борат за плата од околу 2.000 американски долари, но дека бројот на жртви меѓу нив се зголемува.

Цитирајќи информации од Министерството за одбрана на САД, весникот тврди дека Турција веќе регрутирала близу 5.000 платеници од Сирија и од Либија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот