„Волстрит журнал”: Најголемиот хеџ-фонд во светот ставил облог дека ќе има нова светска економска криза

Најголемиот хеџ-фонд во светот „Бриџватер ашосиејтед”, основан од американскиот милијардер Реј Далио, типувал на пад на берзите во САД и во Европа и на светска берзанска криза до март 2020 година, тврди весникот „Волстрит журнал”.

Според извори на весникот, хеџ-фондот, кој менаџира 150 милијарди долари на 350 клиенти, вложил околу 1.5 милијарди долари во продажни опции на американската берза „СП 500″ и на европската „Еуро Стокс 50″.

Далио изјави дека прилогот на весникот не ја отсликува реалноста.

Весникот тврди дека типувањето било договорено со неколку компании како “Голдман Сакс” и „Стенли Морган”. Според „Волстрит журнал” доколку тие две берзи (една или двете наеднаш) ја изгубат вредноста до март 2020 година, најголемиот хеџ-фонд во светот ќе има огромна добивка. Ако нивната вредност порасне, парите пропаѓаат.

„Би сакал да изјавам дека ние не типуваме на пад на берзите”, напиша синоќа Далио на Твитер.

Милијардерот соопшти дека од „Бриџватер ашосиејтед” му објасниле на репортерот, автор на прилогот, дека тврдењата за тоа дека фондот се обложува на пад на берзите ги води читателите во заблуда.

-Но материјалот сепак се објави. Живееме во свет во кој многу автори на новинарски прилози најмногу од се сакаат сензационални наслови, дури и ако фактите не ги одразуваат насловите, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот