„Волстрит журнал“: Доколку Трамп сака да избегне импичмент, најдобро би било да поднесе оставка

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Уредничкиот колегиум на американскиот весник „Волстрит журнал” го повика претседателот Доналд Трамп да поднесе оставка со цел да се избегне евентуално второ отповикување во Претставничкиот дом.

Непотпишан текст на уредничката страница на весникот ги осудува постапките на претседателот и повиците кон демонстранти, за кои рече дека „поттикнале” немири во средата, јави Би-Би-Си.

„Ова беше напад врз уставниот процес на трансфер на власта по изборите. Тоа беше исто така напад врз законодавниот дом од извршната власт која се заколна дека ќе се придржува до законите на САД. Ова оди подалеку од самото одбивање да се признае поразот. Според наше мислење, ова ги надминува границите на Уставот што господинот Трамп не ги преминал порано. Тоа е за импичмент”, наведува Волстрит џурнал.

„Доколку господинот Трамп сака да избегне нов импичмент, најдобар начин за него би било да преземе лична одговорност и да си даде оставка. Ова би било најчистото решение, бидејќи претседателските должности веднаш ќе му бидат предадени на г. Пенс”, сугерира американскиот весник.

На страниците на Волстрит џурнал на Руперт Мардок, републиканскиот претседател Трамп честопати бил критикуван во минатото, но ова е најострата порака до претседателот во заминување досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот