Волсстрит „порасна“ и покрај протестите во САД: Инвеститорите се надеваат на брзо опоравување од корона кризата

И на европските берзи акциите забележаа раст. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,87 отсто на 6.220 бодови, додека франкфуртскиот DAX скокна за 3,75 проценти на 12.021 бод, а парискиот САС 2,02 отсто на 4.858 бодови.

На Волстрит во текот на вчерашниот ден цената на акциите забележа раст и покрај масовните протести, бидејќи инвеститорите се насочени кон позитивни вести за попуштање на мерките и знаците за опоравување на економиите од корона кризата.

Дау Џонс зајакна за 267 бодови или 1,05 отсто, на 25.742 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,82 отсто на 3.080 бодови, а Насдак индексот порасна за 0,59 отсто, на 9.608 бодови.

Растечкиот тренд се должи на информациите за попуштање на рестриктивните мерки и постепено отворање на економиите во сојузните држави, па инвеститорите се надеваат на брзо опоравување од корона кризата.

И на европските берзи акциите забележаа раст. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,87 отсто на 6.220 бодови, додека франкфуртскиот DAX скокна за 3,75 проценти на 12.021 бод, а парискиот САС 2,02 отсто на 4.858 бодови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот