Волшебен цитрус за спас на кожата – Слободен печат
ЕспресоЗдравје

Волшебен цитрус за спас на кожата

Лимонот содржи витамин Ц, витамин Б, рибофлавин, а од минералите калиум, калциум, фосфор, магнезиум.

Лимонот заедно со портокалот, мандарината, грејпфрутот, припаѓа во групата на цитрусни овошја кои се познати по прочистувачкото дејство. Лесно е достапен и има разновидни намени. Содржи витамин Ц, витамин Б, рибофлавин, а од минералите калиум, калциум, фосфор, магнезиум.

Сокот од лимон помага при прочистување и хидратација на лицето, како и при отстранување на мозолчиња и чистење на флеки на лицето.
Исечете еден лимон на половина и протријте го по лицето, а потоа исплакнете со ладна вода. Лицето ќе ви биде сјајно и чисто.

Рана од мозолче, црнка или акна може да го уништи изгледот на вашата кожа. Некои истражувања докажале дека киселината во цитроните го изедначува тенот и ги „брише“ лузните. Ставете лимонов сок на парче памук и поминете низ лицето со него.

Комбинирајте три мали лажички маслиново масло со една лажичка лимонов сок за да креирате мешавина која ќе ви ги направи ноктите посветли. Киселината од лимонот помага да се исчистат непотребните слоеви на ноктите, ги прави побели, а маслиновото масло им ја дава потребната хидратација.

Лимоните се одлични за лицето, но и за сувите и тврди лакти. Додајте лимонов сок во сода бикарбона и мешајте додека не добиете смеса како паста. Протријте ја смесата на вашите лакти за да ги исчистите мртвите клетки. На крајот поминете ги со вода и со уште лимонов сок.

Мешавина од вода, лимонов сок, маслиново масло и корен од ѓумбир ја намалува количината на мртвите клетки кои паѓаат од вашиот скалп. Овој микс нанесете го на целиот скалп и оставете го да се исуши пред да го измиете со шампон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close