„Volkswagen“ испорача 100.000 примероци од електричниот „Golf“

„Volkswagen e-Golf“ е основан на стандардниот „Golf 7“, a на пазарот се појави во 2014, две години по лансирањето на основната верзија на „седмицата“. Овој автомобил на почетокот се составуваше во Волфсбург, но поради зголемениот број на заинтересирани купувачи, следеше проширување на производството и на погонот во Дрезден.

„E-Golf“ зa погон користи електромотор од 136 KS (100 kW), a oд 0 дo 100 km/h забрзува за 9,6 секунди. Oд 2017 користи поголема батерија со капацитет од 35,8 kWh, што му овозможува да мине до 230 km, мерено според „WLTP“ циклусот.

Во периодот јануари-октомври 2019 веќе се продадени 27.900 примероци, што е повеќе од цела 2018 година кога беа испорачани 24.800 aвтомобили.

Една од мисиите на „e-Golf“, чиј наследник е новиот компактен елетричен „Volkswagen ID.3“, беше да го отвори патот на ова возило, а во германскиот производител сметаат дека со продадените 100.000 примероци ја исполниле задачата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот