Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски лесно може да се случи кариерата да ја продолжи во германската Бундеслига, откако Волфсбург пројави сериозен интерес за неговите услуги.
Ристовски кој настапува за Спортинг Лисабон се најде на радарот на германскиот тим кој планира да направи ремонт во одбраната и како решение за десната бековска позиција го гледа токму македонскиот репрезентативец.
Според медиумите во Германија, бундеслигашот е подготвен да плати четири милиони евра за Ристовски и се очекува оваа понуда да биде прифатена бидејќи Спортинг се соочува со големи финансиски проблеми.
Ристовски го носи дресот на португалскиот тим од 2017 година и досега има одиграно 82 натпревари за „лавовите“.