„Волчицата“ ги растера „вештерките“ од Рим! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Вечерва на „Олимпискиот“ стадион во Рим екипата на Рома со убедлив резултат 5:2 триумфираше против екипата Беневенто во најсилната италијанска лига.

„Вештерките“ први дојдоа во водство уште во петтата минута со голот на Капрари, а израмни „волчицата“ преку новото засилување Педро.

Четири минути подоцна босанскиот интернационалец Џеко ја обезбеди првата предност за римскиот клуб, а непосредно пред паузата мрежата на гостите ја затресе и Мхитарјан, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд после прегледаната ВАР снимка.

Во 55 минута Беневенто изведе пенал кој го шутираше Лападула, не беше прецизен, но веднаш се поправи во следниот момент за нов егал на мечот.

Играчите на португалскиот тренер Фонсека го скршија отпорот на противникот со уште три голови во мрежата на Монтипо, а во листата на стрелците се најдоа уште Верету, потоа Џеко по вторпат на дуелот во 77 минута и Перез после асистенцијата на Кристанте.

Во претходните мечеви од неделната програма во Серија А: Болоња-Сасуоло 3:4, Специја-Фиорентина 2:2, Торино-Каљари 2:3. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски иако беше на клупата за резервни играчи не доби шанса во домашната победа на неговиот клуб Удинезе против Парма (3:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот