Вокер: Крим самиот ќе посака да стане дел од Украина ако земјата влезе во ЕУ

Фoто: Принтскрин

Кога Украина ќе стане демократски успешна држава, и некогаш стане дел од ЕУ, Крим самиот ќе посака да се врати во нејзиниот состав, изјави Курт Вокер, специјален американски претставник за оваа земја.

Според него, Украина моментално покажува голем напредок и се интегрира со Европа со стремеж за членство во ЕУ и НАТО.

– Овој план е добар во случај да не се исполнат Минските договори. Русите можат да видат како Украинците ја сменија власта поради разочараност од неа – изјави Вокер за рускиот Јутјуб канал „Гордон”.

Според него, не постои можност Украина да го врати Крим со помош на воени средства и го советува украинскиот претседател Володомир Зеленски да воспостави директна комуникација со Москва.

– Размената на затвореници беше успешна поради директниот дијалог на претседателите на двете земји, кои само ја делегираа непосредната организација на помошниците – изјави Вокер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот