Војводина ја прекина доминацијата на Партизан! (ВИДЕО)

фото: твитер

Фудбалерите на Војводина го освоија Купот на Србија откако вечерва во финалето во Ниш на стадионот „Чаир“ го совладаа Партизан во пенал серијата.

Во регуларниот дел беше 2:2, Војводина на тој начин успеа да ги запре „црно-белите“ во обидот петти пат по ред да триумфираат во ова натпреварување.

За водство на играчите на тренерот Ненад Лалатовиќ кому ова е прва титула во тренерската кариера, се погрижи Вукадиновиќ во 38 минута од средбата.

Зголеми Бојиќ во 55 минута, а белградскиот клуб израмнија преку Стевановиќ и Павловиќ кој израмни со „ножички“ во 96 минута. За составот од Нови Сад ова е втор куп трофеј, првиот го освои во 2014 година кога беше подобар од Јагодина.

Се играа продолженија каде што немаше погодоци, а после ударите од белата точка славеше Војводина со 4:2.

Топовски удар од навивачите на Партизан, има повредено лице! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот