Војводина го донесе првиот европски трофеј во српскиот ракомет по 22 години

Фото: EPA-EFE/CARINA JOHANSEN

Ракометарите на Војводина го освоија ЕХФ-Купот откако во финалето го совладаа норвешкиот Нербо со 25:23 и така со вкупни 56:46 ја освоија титулата.

Војводина го започна натпреварот со предност од седум голови од првиот дуел, а денес само ја потврди фаворитската улога и заслужено стигна до престижниот ЕХФ трофеј.

Домаќините за нијанса го отворија подобро натпреварот и имаа предност од три гола, но Војводина до паузата успеа да се врати, па на полувремето на семафорот стоеше 10:10.

Во второто полувреме видовме поинаква слика на теренот и работите почнаа да се вртат во корист на гостите од Србија. Домаќините немаа сили за некоја поголема серија за да ја надополнат негативата од првиот дуел, па пред крајот српскиот тим ја потврди победата.

Кај Војводина најефикасни беа Пукоски со седум и Азис со шест погодоци, на спротивната страна Теодор Свенсгард постигна осум гола.

Ова е важен момент за српскиот ракомет затоа што е прв европски трофеј по цели 22 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот