Воjската на Чад убила најмалку 1.000 џихадисти од Боко Харам

Боко Харам / Фото Архива на СП

Операцијата следеше откако минатиот месец Боко Харам уби повеќе од 90 чадски војници во дотогаш насмртоносниот напад врз силите за безбедност.

Војската на Чад убила околу 1.000 џихадисти во операцијата против борците на Боко Харам кај езерото Чад, јави портпаорлот на војската, полковникот Азем Бермандоа, кој додаде дека во текот на осумдневнити борби погинале и 52 војници, а 196 биле ранети.

Тој кажа и дека во текот на операцијата островите околу езерото Чад биле ослободени од екстремистите.

Операцијата следеше откако минатиот месец Боко Харам уби повеќе од 90 чадски војници во дотогаш насмртоносниот напад врз силите за безбедност.

Екстремистите од Боко Харам досега имаат убиено десетици илјади и протерано милиони лица од своите домови во текот на повеќе од деценискиот бунт бо тој дел од Африка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот