Војската на Буркина Фасо убила 32 терористи

Терористичка група/ Фото: Архива на Слободен печат

Војската на Буркина Фасо објави дека убила 32 „терористи” за време на операциите на северот на земјата, подрачје кое сè почесто е цел на џихадистички напади.

Пред околу десетина дена, 38 луѓе загинаа во напад што им се припишува на џихадистите на истокот на таа земја, изведен врз конвој на канадската рударска компанија „Семафо”.

Во петокот воена патрола ги пронашла напаѓачите, и со артилериска акција и неколкучасовни борби ги ликвидирала терористите, соопшти синоќа Војската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот