Војската бара оставка од ерменскиот премиер, тој го смени шефот на генералштабот

Ерменија
EPA-EFE

Премиерот на Ерменија Никол Пашинијан изјави денес дека по барањето на војската да поднесе оставка, го сменил шефот на генералшабот Оник Гаспаријан. 

Претходно Генералштабот на оружените сили на Ерменија побара оставка од Пашинијан и предупреди да не применува сила против народот, пренесува РИА новости.

Пашинијан претходно изјви дека барањето на војската за негова оставка е обид за државен удар.

Ова барање на војската за смена на Пашинијан доаѓа еден ден откако претседателот Армен Саркисијан на предлог на Пашинијан го смени првиот заменик на шефот на Генералштабот Тиран Хачатиријан, кој според извештаите во медиумите ги исмејал зборовите на премиерот на Владата за ракетниот систем „Искандер’.

Протестите и барањето за негова смена доаѓаат по воениот конфликт лани меѓу Ерменија и Азербејџан, што заврши со примирје. Тој денес излезе со своите приврзаници што се собраа во Ереван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот