Војник испратил писмо до мајка си за време на Втората светска војна: Писмото пристигнало 76 години подоцна

писмо
Писмо / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Американскиот војник Џон Гонсалвес, стациониран во Германија за време на Втората светска војна, испратил писмо до својата мајка во Масачусетс, а истото било доставено дури 76 години подоцна.

Џон го испратил писмото на 6 декември 1945 година, по официјалниот крај на војната.

„Драга мајко, денес добив уште едно писмо од тебе и среќен сум што слушнав дека сè е во ред. Што се однесува до мене, добро сум. Но, што се однесува до храната, најчесто е прилично лоша“, напишал тој во писмото.

Писмото по 76 години го примила неговата сопруга Анџелина Жан Гонсалвес. Писмото било препратено од поштата во Питсбург и адресирано до мајката на Џон Гонсалвес, исто така наречена Анџелина, која одамна починала.

Џон бил повикан во армијата во 1943 година и таму поминал три години. Починал пред шест години, а со Анџелин поминал 61 година во брак. Неговата вдовица открила дека се запознале пет години откако тој ѝ го испратил писмо на мајка си.

„Не можам да верувам. Неговиот ракопис и сè, неверојатно“, изјавила вдовицата за „The Washington Post“, која вели дека писмото изгледа како поздрав од небото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот