Војниците го уапсија претседателот на Буркина Фасо

Претседателот на Буркина Фасо, Рох Каборе/ Фото EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Претседателот на Буркина Фасо, Рох Каборе, е уапсен од бунтовнички војници, велат безбедносни извори и еден западноафрикански дипломат за Ројтерс.

Ваквиот развој на настаните уследи по интензивното пукање што се слушна околу неговата резиденција во главниот град Уагадугу. Пукањето се слушнало и во неколку касарни во Уагадугу, а војниците побарале смена на воените началници и повеќе средства во борбата против милитантните, јавува Би-Би-Си.

Стотици луѓе излегоа на улиците во знак на поддршка на војниците, принудувајќи ги властите да воведат ноќен полициски час. Демонстрантите кои ги поддржуваат војниците го запалија седиштето на владејачката партија, а истрели се слушаа во воените кампови на запад и југ од главниот град, како и во воздухопловната база во близина на главниот аеродром.

Во телевизиско обраќање до нацијата, министерот за одбрана Бартелеми Симпоре рече дека имало „локализирани, ограничени“ инциденти „во неколку касарни“ и дека ниту една од „републиканските институции“ не била цел.

Каборе, поранешен банкар и премиер, стана претседател по победата на изборите во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот