ФОТО: Војнички ранец падна од небо врз куќа во Неготино

Војничкиот ранец кој паднал од небо / Фото: Фејсбук

Војнички ранец паднал од небото врз куќа во Неготино, а во инцидентот, за среќа, нема повредени. Несекојдневниот случај го потврди МВР, објаснувајќи дека ранецот бил на војник кој учествува на вежба со падобрански скокови. Ранецот му е вратен на сопственикот, а штетата врз куќата ќе биде надоместена.

– Вчера во ОВР Неготино, 35-годишниот Б.С. од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ке биде надоместена – велат од МВР

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Видео на денот