Војнеска Зикова нов предводник на македонската атлетика

afm.org.mk

Александра Војнеска Зикова од атлетскиот клуб Работнички е избрана за нов претседател на Атлетската федерација на Македонија.

Таа доаѓа на местото на Крсто Серафимовски на чие раководство му беше изгласана недоверба на вонредно собрание.

Вонредното Собрание беше свикано по барање на Иницијативниот Одбор коj го сочинуваа 14 атлетски клубови.

Како нови членови на Извршниот Одбор беа изгласани: Александра Војнеска Зикова (АК Работнички – Скопје), Ивица Јовановски (АК Скок – Куманово), Ана Крстевска (АК Пролет – Скопје), Елизабета Вучкова (АК 7-ми Мај – Скопје), Игор Јакимовски (АК Делта – Скопје), Рахман Алија (АК Лириа – Скопје), Филип Колевски (АК Куманово – Куманово), Љупчо Ѓорѓиев (АК Изгрев – Велес), Ване Стојанов (АК Струмица – Струмица), Кокан Ајановски (АК Нике Рун Клуб – Скопје) и Тони Ангелов (АК Брегалница – Штип).

Со очекувања на фер и транспарентен однос кон останатите членови на Собранието и клубовите, Aтлетската федерација им посакува успешна работа на новите членови, со што се надева на значаен придонес кон подобрување на македонската атлетика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот