Војната во Украина влезе во нова фаза

Фото: EPA-EFE/STR

Петмесечната војна во Украина влезе во нова фаза – руските сили се фокусираат на своите воени цели во Доњецк во источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседен Луганск.

Со заземањето на градот Лисичанск во неделата беше завршено руското освојување на Луганск, еден од двата региони во Донбас, индустријализираниот источен регион на Украина кој стана сцена на најголемите борби во Европа.

Руски војници во Луганск, Украна / EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY
Руски војници во Луганск, Украна / EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY, Украна / EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Двете страни претрпеа големи загуби во борбите за Луганск, особено за време на опсадата на Лисичанск и Северодонецк. Двата града останаа во урнатини по немилосрдните руски бомбардирања.

Украинските сили во вторникот зазедоа нови одбранбени позиции во Доњецк, каде сè уште ги контролираат големите градови. Путин им порача на своите војници во Луганск „да се одморат целосно и да ја вратат својата воена подготвеност“ додека единиците во другите области продолжуваат со борбите.

Од почетокот на конфликтот, Русија бара Украина да ги предаде Луганск и Доњецк на проруските сепаратисти кои ги прогласија тие региони за независни држави.

Од друга страна советникот на претседателот Володимир Зеленски, Олексиј Арестович, , во видеото објавено на Интернет порача во самоуврен тон дека „Ова е последна победа на Русија на територијата на Украина“.

Според Арестович , покрај битката за Доњецк, Украина се надева дека ќе започне контраофанзива на југот на земјата.

„Заземањето на градовите на исток значеше дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани на исток и тешко е да се пренасочат кон југ“, рече тој, додавајќи дека нема повеќе сили што може да се донесат од Русија.
„Тие платија голема цена за Северодонецк и Лисичанск“, смета советникот на украинскиот престедател.

Некои воени експерти сметаат дека тешко извојуваната победа им донесла мала стратешка добивка на руските сили и дека исходот од „битката за Донбас“ е неизвесен.

Северодоњецк
Северодоњецк, Украина / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Неколку лондонски тинк-тенк организации сметаат дека освојувањето на Лисичанск и Севернодоњецк е тактичка победа за Русија, но со огромна цена“ Руската победа во Луганск овие организации ги споредуваат как „битката со големи битки за скудни територијални придобивки, како на пример во Првата светска војна“.

„Беа потребни 60 дена за да се постигне многу бавен напредок“,Русите би можеле да прогласат некаква победа, но клучната битка на војната допрва доаѓа“, убедени се експертите на овие организации
За многумина западни аналитичари одлучувачката битка за Украина веројатно нема да се води на исток, каде Русија го извршува својот главен напад, туку на југ, каде Украина започна контраофанзива за враќање на територијата.

Останува нејасно како би се извела оваа воена операција ако се земе во предвид дека Украинците напредуваат околу Керсон. од каде започнуваат контранападите и што е сигнал сека Украина се обидува да започне голема контраофанзива и да ги турне Русите назад“ кон Азовоското море .

руски тенкови EPA-EFE/

Битката за Луганск беше најголемата победа на Русија откако нејзините сили беа поразени во обидот да го заземат Киев во март и по руското заземање на јужното пристаниште Мариупол на крајот на мај.

Путин ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, нарекувајќи ја „специјална воена операција“ за разоружување на јужниот сосед и заштита на руските говорници од, како што тврди, „фашистичките“ националисти. Украина и Западот тврдат дека ова е неоснован изговор за флагрантна агресија за освојување територии.

Откриена новата руска тактика: Борбата за Доњецк продолжува, градот Сиверск нова мета на руските напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот