Војната во Сирија не стивнува, 167 мртви во нови борби

Фото: EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Како што информираат извори од Сирија, а пренесуваат светските медиуми во последните 48 часа загинале 167 лица во борби кои се одвиле во сириската зона на примирје.

Џихадистите и бунтовничките групи денеска започнаа нов напад врз владините сили во руралните делови на покраината Хама.

Бунтовниците истрелале десетици ракети, а бомбаш-самоубиец активирал автомобил полн со експлозив во близина на локалните владини сили, соопштија набљудувачите.

Бунтовничкиот контранапад е дел од вжештениот конфликт меѓу двете страни во Хама, која пак е дел од демилитаризираната зона формирана во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот