Војната во прво лице: Морничави снимки од снајперските напади во Јемен (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Вчера медиумското крило на движењето Ансар Алах (Хутите) објави триминутно видео во кое се документирани неодамнешните напади на снајперисти на положбите на саудиските окупатори.

На видео материјалот може да се видат снајперските напади на најмалку петнаесет јеменски борци кои се борат за Саудиска Арабија, а снимките наводно се направени во југозападната провинција Тази, покраината Хаџа во северозападот на земјата, како и во јужните саудиски провинции Наџран, Џизан и Асир.

Пред две години Хутите ја засилиле обуката, а со тоа и подготвеноста на своите снајперски единици кои делуваат на најопасните линии на фронтот во Јемен и на границата со Саудиска Арабија.

Овие единици се наоружани со различни локално модифицирани тешки снајперски пушки, како и со снајперски пушки од западно потекло кои се заробени од саудиската војска.

Снајперските единици на движењето Ансар Алах постојано нанесуваат тешки загуби на саудиската  војска и нејзините сојузници. Во тие напади Хутите обично поминуваат без никакви загуби, а слични акции изведуваат и противтенковските единици на тоа шиитско движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот