ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА, КИНА И САД БЕЗ ДОГОВОР: Пропадна новата рунда преговори во Шангај

Фото: Профимедиа

Новата рунда преговори меѓу САД и Кина со цел прекинување на трговската војна меѓу двете земји е завршена денеска во Шангај, а до значаен напредок очигледно е дека не дошло, пренесуваат светските медиуми.

Состанокот бил завршен 40 минути порано од планираното, а ниту една делегација не им се обратила на медиумите, пред американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер и министерот за финансии Стивен Мнучин да заминат на аеродромот.

Новата рунда на преговори е одржана откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини Пекинг дека се обидуваат да го одложат решавањето на трговскиот спор, во надеж дека тој ќе ги загуби следните претседателски избори во ноември 2020 година.

Економистите и пред денешниот состанок не беа оптимисти, бидејќи помеѓу двете влади и натаму постојат истите несогласувања околу технолошките политики и трговскиот суфицит поради што пропаднаа преговорите во мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот