Војната на директорите на Гинекологија продолжува: Четири нови кривични за Јавановска

Разрешениот економски директор на Клиниката за гинекологија Ватон Бела, денеска до Јавното обвинителство поднесе четири нови кривични пријави за стручната директорка Викторија Јовановска.

– Пријавите се за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување заради тоа што директорката на раководни функции назначила лица без соодветно образование. Јас сакав да ги разрешам, но тоа беше невозможно, бидејќи функционираме со врзан потпис со другата директорка, а таа не потпишуваше – вели Бела.

Кривичните се однесува на главната медицинска сестра, раководителот на сметководство, раководителот на финансии и раководителот на човечки ресурси.

Бела рече дека со кривичните е опфатено и тоа што директорката фаворизирала фирми при исплатата на побарувањата што ги имаат од Гинекологија.

Разрешениот директор и претходно поднесе една кривична за Јовановска која се поврзува со набавка на тестови за анализи на крв на клиниката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот