Војна за 20 милиони евра: Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал на суд, поранешниот сопруг сака сѐ да ѝ одземе!

Фото: Инстаграм

Пејачката Емина Јаховиќ наводно води битка на суд со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал поради имот вреден 20 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haftasonu Magazin (@haftasonumagazin)

Емина вчера на суд во Истанбул се соочила со турскиот поппејачот со кого веќе три години не може да се договори на кого ќе припаднат куќата и музичкото студио по разводот.

Како што пренесува „Информер“, поранешните сопружници најголемата битка ја водат околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студијата кои ги купиле за четири милиони евра.

Емина е бесна на Сандал бидејќи се обидува да ја остави без ништо, иако беа во брак 10 години. Проблемот е што Мустафа бара да се продадат двете недвижности и поголемиот дел од парите од продажбата да му припаднат нему! Емина затоа ангажирала неколку адвокати кои ќе се обидат на суд да докажат дека се работи за имот стекнат во брак, кој не може да го отуѓи без нејзина согласност – вели добро упатен извор и додава дека Емина не сака да ја напушти куќата во која живееле нивните синови Јаман и Јавуз.

Instagram
Емина со поренешниот сопруг Мустафа и децата / Инстаграм

– Таа вила е една од најубавите во Турција. Има два базени, терен за голф, вежбална, шест спални соби и прекрасен поглед на градот. Емина бара да продолжи да живее таму со момчињата, додека Мустафа сака да ја продаде и да купи станови. Освен за луксузната вила, пејачите се водат битка и за музичкото студио кое заедно го купиле за четири милиони евра – рекол изворот.

Емина во него поминуваше најмногу време и таму се напишани сите нејзини песни од последните години. Затоа смета дека студиото треба да ѝ припадне по разводот. Вложила многу во него и ниту во најлошиот кошмар не можела да сонува дека Мустафа ќе се обиде да ѝ го одземе. Сè што заработила во бракот од песните, рекламите и козметичките линии го ставила на заедничка банкарска сметка. А, за тоа време, Мустафа ја издвојувал својата заработувачка и ја префрлал на тајни сметки. Никој освен него не знае колку пари на тој начин сокрил од Емина – објаснува соговорникот за „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hayalet Magazin (@hayaletmagazin)

Емина Јаховиќ пред судењето со Мустафа порачала дека вистината е на нејзината страна.

– Водам судски спор со Мустафа, но не сакам да зборувам за деталите. Се надевам дека правдата ќе победи. Затоа што овде не се борам само за себе, туку и за сите жени кои се во иста ситуација – рекла пејачката.

Ниту нејзиниот поранешен сопруг не бил расположен да зборува за нивната војна за милионите.

Емина е мајка на моите деца и ја почитувам – рекол турскиот пејач.

Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Не им е платено здравствено осигурување на децата“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот