ВОЈНА по улиците во Хонг Конг – Полицијата за ПРВ ПАТ искористи вистинска муниција, но и водени топови (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Еден полицаец пукал со пиштол за време на денешниот протест во Хонг Конг, што е прва употреба на вистинска муниција од кога почнале собирите во јуни.

На фотографиите можат да се видат и други припадници на полицијата како го држат оружјето вперено во демонстрантите кои држеле шипки.

Ова, исто така е прв протест каде полицијата на улица изнесе водени топови.

Полицијата, за локалните медиуми изјавила дека пукањето било за предупредување на демонстрантите и дека неколку полицајци се одведени во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот