Војна на зборови помеѓу Бекер и Кирјос: Кој „цинкари“, а кој е идиот

Легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, жестоко одговори на прозивките на Ник Кирјос.

Австралискиот тенисер Ник Кирјос во изминаиот период упари серија критики кон Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев бидејќи двајцата беа дел од „Адриа тур“ кое прекинато поради позитивни случаи на коронавирус. Помеѓу заразените е и токму Ѓоковиќ кој беше организатор на турнирите во Белград и Загреб, а позитивни беа уште и Григор Димитров, неговиот тренер, Борна Чориќ, Горан Иванишевиќ кој е тренер на Ѓоковиќ, кондицискиот тренер на Србинот, како и Виктор Троицки.

Зверев се најде на тапет на Кирјос бидејќи беше уловен на забава иако на фановите им порача дека ќе оди во самоизолација во наредните две недели.

– Јас не сакам луѓе кои цинкарат. Секој кој го цинкари својот колега не е мој пријател. Погледај се во огледало доколку мислиш дека си подобар од сите нас – му порача Бекер на Кирјос.

Поранешниот тенисер не чекаше многу на одговор од Кирјос.
„Борис, јас не се натпреварувам ниту се обидувам некого да фрлам под автобус. Ова е глобална пандемија и доколку некој е идиот како Алекс да го направи тоа што го стори тогаш ќе го прозивам“, напиша Кирјос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот