ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ ВО БЕЈРУТ: Жестоки судири на полицијата и демонстрантите, над 40 повредени (ВИДЕО)

Фото: EPA/Nabil Mounzer

Либанските безбедносни сили употребија солзавец, водени топови и гумени куршуми за да ги растераат антивладините демонстранти во Бејрут за време на протестите.

Денешните судири се најжестоки откако почнаа демонстрациите пред два месеци, пришто повредени се повеќе од 40 лица, објави АП.

Центарот на градот Бејрут бил блокиран осум часа во текот на ноќта и утрово.

Владата, предводена од премиерот Саад Харири, поднесе оставка на 29 октомври, две недели откако почнаа протестите. Политичките групи не можеа да се договорат за нов кандидат за премиер, додека демонстрантите бараа новата влада да не биде поврзана со веќе познати политички партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот