Војна на бандите во Мексико, пронајдени тела на четворица мажи во близина на Канкун

Полиција во Мексико/Фото: EPA-EFE/Jose Luis de la Cruz

Мексиканската полиција денеска соопшти дека пронашла тела на четворица мажи, меѓу кои и еден полицаец, во близина на одморалиште јужно од Канкун на Карипското Море.

Сите жртви очигледно биле застрелани во главата, а телата биле пронајдени вчера во близина на автопатот што води до Канкун, изјави Луис Родригез Бусио, помошник началник на Одделот за јавна безбедност на Мексико, пренесува АП.

Поранешен полицаец од Канкун бил пронајден на местото на настанот додека поминувал низ џебовите на еден од убиените и рекол дека загинатиот е негов пријател.

Полицијата соопшти дека тој е приведен.

Меѓу жртвите е и полицаец од Канкун кој бил обвинет за примање мито за заштита на борделите, но сепак останал во полициските сили и бил на боледување.

Властите изјавија дека жртвите можеби биле вклучени во обезбедувањето заштита на шверцерите на мигранти.

Нарко-картелите во Мексико често ги убиваат ривалите за да ги заштитат своите територии или бизниси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот