Војдан Стојановски и во наредните две години ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Еден од најискусните играчи во МЗТ, Војдан Стојановски/фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски одлучи и во наредните две години да настапува за шампионот и учесник во АБА лигата, МЗТ Скопје.

Војдан имаше повеќе сериозни понуди надвор од државата, пред сѐ од Франција, но тој се одлуи да остане во редовите на „металците“.

– Управата на МЗТ Скопје Аеродром изминативе недели водеше жестока битка со повеќе реномирани европски екипи за услугите на Војдан Стојановски (34 год, 194 см) од која, на крајот, излезе како победник, со оглед што успеа да го убеди македонскиот репрезентативец да го продолжи договорот и во следните две сезони да остане лидер на нашиот клуб – објави МЗТ Скопје.

Со потписот на Војдан Стојановски, тренерот Александар Петровиќ ја комплетира надорешната линија која ќе ја сочинуваат Дамјан Стојановски, репрезентативните колеги Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев како и Американците Мајк Кафи и Бре Ајви.

Војдан Стојановски досега трипати беше најдобар кошаркар во Македонија (2009, 2011 и 2015 година), а во својата богата ризница има по две македонски круни и куп-трофеи, пехар од првенството на Украина и триумф во Купот на Германија.

Тој е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот