Војдан Стојановски: Горд сум на прикажаната игра на помладите кошаркари

Фото: fiba.basketball

Војдан Стојановски се врати во македонската репрезентација но не можеше да го избегне поразот од Украина во квалифкациите за СП 2023.

Стојановски натпреварот го заврши како втор стрелец во македонската репрезентација со 15 постигнати поени, а по натпреварот изјави дека е задоволен од прикажаната игра на помладите репрезентативци.

– Лошо почнавме, примивме 35 поени во првата четвртина. Потоа се вративме и покажавме карактер дури и кога губевме со двоцифрена разлика. Бевме блиску до победата, но не успеавме – таков е спорт. Секоја чест на момците, горд сум на тоа што го прикажаа, за начинот на кој се бореа. Таквото гинење е единствениот начин на кој се игра кога се носи репрезентативниот дрес – рече Војдан Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот