„Воините“ прв тим по Бостон со пет финалиња во низа

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Голден стејт со 4:0 во победи го совлада Портланд треилблејзерс во финалето на Западната конференција и обезбеди пласман во големото НБА финале.

Ова ќе биде петто финале во низа за „воините“ и ќе имаат можност по четврти пат да стигнат до титулата. Со пласманот во финалето, Голден стејт го повтори успехот на Бостон селтикс кој од 1959 до 1966 година кој пет или повеќе години по ред играл во големото НБА финале.

– Би сакал нашиот успех да не биде потценет. Пет последователни настапи не било видено од 1960-тите години, од времето на Бил Расел. Тоа не се случило досега и сигурно постои добра причина за тоа. Навистина е тешко да се дојде до вакво остварување но изградивме култура на победување – вели Стив Кер, тренерот на Голден стејт.

Противник на Голден стејт во финалето ќе биде поуспешниот од финалната пресметка во Источната конференција во која Милвоки бакс води со 2:1 во победи против Торонто репторс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот