„Воините“ не покажуваат загриженост и покрај поразите

EPA-EFE/AARON M.

Во Голден Стејт остануваат смирени, и покрај вториот последователен пораз од Хјустон, по што резултатот во серијата стана 2-2.

Шампионот на НБА не изгледа особено убедливо, откако единствено Кевин Дурант е на одлично ниво, додека другите ѕвезди Стеф Кари и Клеј Томпсон се непостојани. Но, во логорот на „воините” не се загрижени.

– Мислам дека атмосферата е одлична. Духот на сите е висок и ние само треба да поправиме некои работи. Ги знаеме проблемите и како да ги поправаме. Јас треба да бидам лидерот и сум убеден дека другите ќе ме следат и ќе победиме – изјави Дрејмонд Грин.

Во натпреварите кои Голден Стејт ги загуби, „ракетите” имаа предност во скоковите со 98-72, што беше во основата на поразите.

– Ние не одговоривме на нивниот физички пристап во последните минути. Треба да бидеме поагресивни и постојано да играме – додаде тој.

Тренерот на тимот, Стив Кер исто така не покажа загриженост, откако посочи дека знаат кои се силните страни на тимот.

– Ова е плејофот, каде играат најдобрите тимови во лигата. Се среќаваме со голем ривал, но знаеме каков е нашиот план и какви се нивните предности. Сè зависи од борбеноста и борбата на теренот, истакна тренерот Стив Кер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот