Воглавно желбите се Кил, ПСЖ, Барса, но овој Данец сака да игра за Вардар!?

Фото: Youtube

Една интересна вест ни доаѓа од Данска во која се вели дека тамошна голема ракометна надеж има сон да игра на Балканот. Станува збор за 19-годишниот Симон Питлик (лев, среден бек), инаку син на прославениот тренер Јан Питлик.

Моментно овој играч ги брани боите на данскиот клуб ГОГ Гудме со кој успеа да постигне седум голови (втор стрелец) во минималната победа против Еурофарм Пелистер минатиот месец на домашен терен во Лига Европа. Исто толку погодоци имаше и во поразот кај швајцарскиот Кадетен, а осум гола во поразот од Рајн Некар Левен.

Данските медиуми веќе го поставуваат прашањето дали има некој од врвните европски клубови, на пример од Лигата на шампионите, кој би сакал да го ангажира овој талентиран Данец.

Воглавно желбите на ракометарите се да настапуваат во Бундес лигата, за Кил, Флензбург, или пак во Франција или Шпанија, како ПСЖ, Барселона, но интересно Питлик има поинаков одговор:

– Јас како и голем број на дански ракометари сонуваат да играат во странство. Но, јас имам поинаков сон од другите. Сакам да играм за балкански клуб. Тоа е нешто за што многу размислував. Фасциниран сум од стилот на игра што го имаат на Балканот. Значи, додека другите сонуваат за Германија и Франција, јас сонувам да дојдам на Балканот за неколку години – вели Питлик.

Овој нетрадиционален сон како што го нарекуваат Данците доаѓа од периодот кога Јан Питлик во 2015 година беше ангажиран како тренер на македонскиот голем женски ракометен клуб кој тогаш имаше амбиции да ја освои титулата во ЛШ.

Младиот Питлик од блиску ги следеше тие мечеви, и возбуден од атмосферата која се создаваше на трибините во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ – Скопје.

Фото: РК Вардар

– Бев долу, ги гледав како играат навистина ме фасцинираше атмосферата и начинот на кој играа. Јас навистина живеев во тоа кога бев момче и го доживеав тоа. И од тогаш тоа е голем сон – додаде играчот на ГОГ Гудме.

Секако поради ситуацијата со ковид-19 спортските натпревари кај нас се играат без публика, здравјето како и секогаш е приоритет, а се надеваме дека наскоро ќе се вратат навивачите на трибините, а во овој случај се врати и онаа препознатлива одлична атмосфера која ја прават „Комити“ и верните фанови на Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ и го прават еден од најжешките терени во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот