Воените оркестри на АРМ, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ја свиреа химната на Северна Македонија

Со интонирање на химната на Северна Македонија и на НАТО, воените оркестри на нашата Армија и Армиите на Грција, САД, Велика Британија и Словенија одржаа сојузнички концерт во чест на Денот на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на почетокот на концертот рече дека задоволството е големо што на ваков начин се одбележува 70 – годишнината на Алијансата.

– Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и денот посветен на нашите, сега веќе, успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни – порача Шекеринска.

Припадниците на здружениот оркестар, по интонирањето на химните продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот