Воени авиони на НАТО пресретнаа руски воени авиони на Балтикот

Фото: EPA

Борбени авиони на НАТО по вторпат оваа недела пресретнаа руски воени авиони во близина на естонскиот воздушен простор, соопшти британското воено воздухопловство (РАФ).

Во вчерашната операција учествуваа британски и германски ловци, кои пресретнаа руски авиони недалеку од естонскиот воздушен простор како дел од операцијата за заедничко чување на воздушниот простор на источното крило на НАТО. Ова е втор ваков настан оваа недела.

Два борбени авиони „Тајфун“ пресретнаа руски воен транспортер „Ту-134“, по што следеа два руски ловци „Су-27 Фланкер“ и „АН-2“, воен транспортен авион, соопшти РАФ.

Ваквото пресретнување не е нетипично, но заедничката операција за чување на небото се случува првпат во соработка меѓу два сојузници на НАТО, Германија и Велика Британија.

РАФ ја опиша операцијата како „јасен сигнал дека Британија, Германија и другите членки на НАТО стојат покрај Естонија во овие напнати времиња“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот