Воената команда на НАТО во Европа се вклучува во напорите за спречување на Ковид-19

Борбената подготвеност на НАТО не е загрозена од епидемијата, рече Столтенберг. Тој додаде дека има заразени со Ковид-19 во Алијансата.

 Воената команда на НАТО во Европа ќе се придружи во напорите за спречување на епидемијата од Ковид-19. Тоа го соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг по денешната средба со видео-врска на министрите за надворешни работи на НАТО.

Тој прецизираше дека командата во Монс ќе ја координира прераспределбата на заштитни средства.

Столтенберг објасни дека епидемијата погодува многу држави од пактот во различни периоди, така што е можно пренесување на опрема. Предвидено е воената команда да прима и да процесира барања за помош, а засега се очекува дека таа главно ќе помогне во обезбедувањето превоз на медицински материјали.

Борбената подготвеност на НАТО не е загрозена од епидемијата, рече Столтенберг. Тој додаде дека има заразени со Ковид-19 во Алијансата.

Генералниот секретар најави дека министрите за одбрана од НАТО ќе се состанат вонредно во средината на април за да проценат дали дејствијата преземени против епидемијата даваат резултат. Тој додаде дека НАТО почнува да го оценува среднорочното и долгорочното влијание на епидемијата.

Министрите денеска ја потврдија одлуката на НАТО за преземање на обуката на ирачките безбедносни сили од меѓународната коалиција против ИД. Столтенберг рече дека овој потег е преземен во координација со владата во Багдад.

На денешната средба беше потврдено и дека одлуката за намалување на силите на НАТО во Авганистан на 12.000 војници до лето. Според Столтенберг, понатамошното ограничување на присуството на Алијансата во таа држава ќе биде постепено и ќе зависи од напредокот на преговорите со талибанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот