Воена помош вредна 100 милиони долари од САД за Чешка

НАТО војска/ Фото EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Чешка ќе добие воена помош во вредност од 106 милиони долари од САД, јави агенцијата ДПА.

„Овој подарок го сметаме за израз на благодарност за начинот на кој Чешка и помага на Украина од почетокот на конфликтот”, рече чешката министерка за одбрана Јана Чернохова.

Амбасадата на САД во Чешка потврди дека се доделени сто милиони долари во рамките на Програмата за надворешно воено финансирање, што предвидува средства за купување исклучиво американска воена опрема. Дополнителни шест милиони долари се предвидени за изградба на центар за кибер-безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот