Воена изложба на НАТО во Гевгелија

Гевгелија е првиот од осум града во земјава каде НАТО силите претставија дел од воената опрема која се користи на најголемата заедничка воена вежба која се одржува во Северна Македонија на полигонот „Криволак” под името „Одлучен удар”.

Граѓаните на Гевгелија и околината имаа привилегија први од блиску да видат дел од воената опрема на НАТО и да се запознаат со нејзините специфичности со помош на војниците кои одговараа на нивните прашања.

Изложби на дел од воената техника на НАТО ќе бидат организирани и во Свети Николе, Кавадарци, Радовиш, Струмица, Битола, Гостивар и последната на 5 јули во Скопје.

Во заедничката воена вежба учествуваат над 2.700 припадници на НАТО од армиите на Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот