Водовод најавува тужби за продавачите на филтри за вода

Ги уверувам граѓаните дека пијат квалитетна вода. Пред да бидам директор на ЈП Водовод и канализација морам да признаам дека и самиот се сомневав, но сега откако ги гледам анализите тврдам дека нема простор за сомнеж, ова денеска го изјави директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски.

Тој најави тужби за сите кои ги доведуваат во заблуда граѓаните, презентирајќи им, како што вели, хемиски експерименти со кои ги убедуваат луѓето да купат од скапите прочистувачи за вода.

– Ќе поднесам кривична постапка за тие што користат филтри бидејќи ги доведуваат во заблуда граѓаните. Против еден производител на филтри веќе има поднесено кривична постапка, информира Весковски.

Граѓаните полнат шише вода од чешма, во водата потоа презентерите на филтрите ставаат две електроди, едната е од железо а другата од алуминиум. Кога ќе ги ставите во вода двете електроди, железната ќе се растопи со хлоридите од водата и ќе даде железен хлорид, тоа е зелена боја, тој понатака оксидира во жолта боја, тоа е железен трихлорид, а и сулфатите на железо се зелени како соли и после тоа во водата хидролизира железен хидроксид, кој е попознат како рѓа. Тоа паѓа доле, и кога граѓаните ќе го видат тоа се уверени дека пијат штетна вода, а всушност сето тоа е забавна хемија, објаснува раководителот на сектор за санитарна контрола Зоран Божиновски.

Водата од чешмите во домовите е исто толку квалитетна колку и водата од изворот Рашче, вели Весковски.

– Бигорот во машините за перење и во бојлерите е показател дека во скопје се пие тврда вода, што во никој случај не значи дека таа е штетна вода з апиење, тврди директорот на Водовод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот