ВОДИТЕЛКАТА за првпат го покажа лицето откако поранешниот дечко ја СИЛУВАЛ, ПРЕТЕПАЛ И ПОЛИЛ СО КИСЕЛИНА (ФОТО)

Британската водителка и манекенка Кети Пепер (35) во 2008 година доживеа стравичен настан, кога нејзиниот дечко ја претепал, силувал и ја полил со киселина преку лицето.

Поради ова монструозно дело Кети ослепе на едното око, додека лицето успеа донекаде да го корегира со помош на пластичните операции.

Инаку дечкото на Кети, Ланч, го најмил Стефан Силвестер да ја полие Кети со сулфурна киселина по лицето.

Водителката со години се криеше од очите на јавноста, но таа сепак стана одлучна да истапи пред јавноста со цел да ги поддржи злоставуваните жени кои преживеале терор.

Овој пат за првпат објави фотографија на Инстаграм, на која се гледа како изгледало нејзиното лице само неколку дена по нападот.

За своето трагично искуство напиша три книги, а во 2011 година беше прогласена и за жена на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот